Поставен камен темелник за изградба на повеќенаменско игралиште во Реонски центар - Општина Аеродром
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски заедно со градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска поставија камен темелник за изградба на повеќенаменско игралиште во населбата Реонски центар, општина Аеродром.Повеќенаменското игралиште е дел од владиниот проект „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“.









