Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Известување - Трансформација на спортските клубови во А.Д.

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, како орган на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, се грижи за доследно спроведување на законската регулатива во нашата земја која се однесува на дејноста спорт.

Следствено измените на Законот за спортот од 14 февруари 2011 година („Сл. Весник на РМ“ бр. 18/11), националните спортски федерации имаа обврска актите на своето работење да ги усогласат со односните промени во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на истиот. Во таа насока, спортските клубови кои се натпреваруваат во највисокиот степен на натпревари во сениорска конкуренција во спортови во кои се организира сениорски систем на натпревари во повеќе степени во спортовите: фудбал, кошарка, ракомет и одбојка имаа доволна можност, во смисла на доволен расположив временски период, да се регистрираат како акционерски друштва.  

Последната измена на Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 64/12) не подразбира одложување на рокот за регистрација на односните клубови во акционерски друштва. Истото подразбира одложување единствено по одредбите кои се однесуваат на:

-       склучување договор за професионална работа на еден тренер за сениорска или двајца тренери за младинска конкуренција;

-       склучување договор за професионална работа на медицинско лице; и

-       вработување најмалку едно лице за административно-технички работи.

Рокот на постојните спортски клубови кои се натпреваруваат во највисокиот степен на натпревари во сениорска конкуренција во спортови во кои се организира сениорски систем на натпревари во повеќе степени во фудбал, кошарка и ракомет да се регистрираат во акционерски друштва е најдоцна до 31 јули 2012 година.

    Оттаму, со цел за унапредување на фудбалот, кошарката и ракометот во нашата земја, притоа почитувајќи ги заложбите на сите чинители одговорни за спроведување и одржување континуиран систем на натпревари во највисок степен во сениорска конкуренција во овие спортови, во интерес на спроведување на Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), а пред се во интерес на спортот, Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија повторно апелира до секоја повикана страна на брза реакција заради запазување на роковите за исполнување на односните законски обврски.

                                                                                                                                               ДИРЕКТОР

                                                                                               м-р Лазар Поповски

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија