Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

Металург нов ракометен шампион на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Металург е новиот ракометен шамион на Македонија. Вечерва во последното коло од националната супер лига во Битола, Металург го совлада Пелистер со 25:20 и обезбеди директен пласман во европската лига на шампиони.

Натпреварот резултатски беше рамноправен само во првите 15 минути од средбата, кога „пелистерци“ водеа со 5:4 и 6:5, а потоа една од најдобрите ракометни екипи во Европа ја презеде иницијативата и првото полувреме го реши во своја корист со резултат 15:10. Во второто полувреме резултатската предност ја одржуваше најефикасниот играч на натпреварот, Ренато Вугринец кој постигна 11 голови и кој даде најголем придонес во конечниот резултат од 25:20 и победа за гостите од Скопје.

Битолската спортска јавност во спортската сала „Младост“ со аплауз го поздрави успехот и шампионската титула на Металург, а пехарот и медалјите на шампионите им ги додели директорот на Агенцијата за спорт и млади Марјан Спасевски.

Во пресрет на последниот натпревар од годинешната ракометна сезона, Ракометната федерација на Македонија на поранешниот ракометар од Битола Гоце Гроздановски-Моцартот, му додели посебно признание за неговиот 50-годишен активен ангажман и придонес во битолскиот и националниот ракомет.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија