Национална конференција за промовирање на активностите против говор на омраза

Настанот е организиран од Националниот комитет против говор на омраза, a поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје со цел претставување на активностите и ресурсите на сите национални институции и организации против говорот на омраза во Република Македонија.
На конференцијата ќе бидат претставени резултатите од активностите, а воедно ќе бидат дискутирани и натамошните активности, како и можности за натамошно воспоставување соработка меѓу вклучените страни.
Хотел ТЦЦ Гранд Плаза
30 мај, 2014 година
Агенда
10:00 Воведно излагање (Томе Шеќерџиев, претставник од Мисијата на ОБСЕ во Скопје)
Активности против говорот на омраза во Република Македонија
10: 15 Национална кампања против говор на омраза во Република Македонија : Цели и досегашни активности (Зорица Стаменковска, национален координатор на кампањата)
10:30 Учество на Република Македонија во Европското движење против говор на омраза ( Матеј Маневски, онлајн активист - член на Центар за меѓукултурен дијалог)
10:45 Претставување на активностите на Македонскиот Хелсиншки Комитет www.govornaomraza.mk (Неда Чаловска, правен советник)
11:00 Претставување на активностите на Македонски Институт за Медиуми www.bezomrazno.mk (Билјана Петковска, директор)
11:15 Претставување на активностите на Метаморфозис www.nemrazi.mk (Филип Стојановски, програмски директор)
11:30 Говорот на омраза меѓу младите : Претставување на активностите на СПУКМ во рамки на Националната кампања против говор на омраза (Марија Василевска, генерален секретар на СПУКМ)
11:45 Говорот на омраза меѓу младите : Неформалното образование и критичкото размислување наспроти говорот на омраза (Марјан Забрчанец, извршен директор на МОФ)
12:00 Говорот на омраза меѓу политичките подмладоци: Претставување на активностите на Институт Охрид во рамки на Националната кампања против говор на омраза (Ружица Стојановска, проектен менаџер)
12:15 Прашања и дискусија за презентираните активности
12:45 Дискусија:
- Слабости на досегашните активности
- Натамошни предизвици







