Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

Започна првата меѓународна научна конференција за спорт во Охрид

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес,во Конгресниот Центар на УКИМ во Охрид, започна меѓународната научно-стручна конференција за спортот која е во организација на Факултетот за физичка култура и Универзитетот "Св.Кирил и Методиј".
Одржувањето на научната стручна конференција која е прва од ваков тип во регионот, ќе ги опфати најновите теоретски сознанија и научни истражувања за ефектите на физичката активност на антрополошкиот статус кај децата, младите и возрасните, како и нивна имплементација во физичкото и здравствено образование, спортот, спортската рекреација, кинезитерапијата, спортскиот менаџмент и др.
Свои согледувања и излагања на стручната конференција имаа научници и професори од Шпанија, Италија, Германија, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора.
 
На свеченото отварање се обрати директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кој истакна дека очекува овој научен собир да стане традиционален.
 
"Како директор на Aгенцијата за млади и спорт  очекувам овој научен собир да стане традиционален и со текот на годините се повеќе да придонесува за афирмација на спортот и спортските активности, како и во постојаното унапредување на спортските достигнувања, развивање на науката и усовршување на знаењата на ова поле. Агенцијата за млади и спорт, според институционалните и програмски насоки, е максимално посветена кон развојот на физичкото образование и активното занимавање со спорт, како еден од предусловите за правилно насочување и развивање на младите личности - заврши Спасески.
 
Во работниот дел свои презентации имаат еминенти професори од странство како Проф.д-р Даниел Мемерт (German Sport University Cologne, Head, Institute of Cognitive and Team/Racket Sport Research) , Проф. д-р Дуарте Аружо (Faculty of Human Kinetics/University of Lisbon Estrada da Costa, Portugal), проф.д-р Милан Жван (Ljubljana University, Faculty of Sport, Ljubljana, Republic of Slovenia), Проф. д-р Ицко Ѓорговски (Универзитет "Св. Кирил и Методиј"-Скопје, Природно-математички факултет, Институт за биологија, Скопје, Р. Македонија) и Проф. д-р Наталиa Балагуе (Универзитет во Барселона, Биомедициски науки, INEFC, Барселона, Шпанија). 

Научната конференција продолжува и утре, (Сабота 31.05.2014 година) каде е предвидено да заврши на крајот од денот со заклучни согледувања од научниот собир.  
 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија