Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

Трибина против насилното и девијантно однесување на спортските терени

вклучено . Објавено во Соопштенија

Да ги проследат од почеток до крај натпреварите за кои платиле билет, да бидат обезбедувани од редарски служби и агенции, наместо од МВР, што е согласно со Законот за спорт, како и да се специјализираат полициски службеници по однос на спортската проблематика, кои ќе ги разбираат подобро нивните потреби, за да не се случуваат инциденти. Ова се главните сугестии и барања кои претставниците на навивачките групи ги искажале на денешниот состанок со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

„Низ дискусијата со претставниците на навивачите групи дојдовме до одредени заклучоци, сугестии од нивна страна за организација на натпреварите, препораки кои се прифатливи за нас. Според мене, еден од многу конструктивните предлози беше, како што тоа е случај во другите земји во Европа и во светот, да се специјализираат полициски службеници по однос на спортската проблематика, кои ќе ги разбираат подобро нивните потреби, критики и забелешки за да ги надминуваме инцидентите пред да се случат. Јас на состанокот кажав дека ја прифаќам иницијативата, ние ќе направиме анализа по однос на тоа дали да се оди со специјализирана единица или со тимови и поединци“, изјави министерката Јанкуловска.

По однос на следењето на натпреварите и нивното обезбедување, таа повторно потенцираше дека барањата и на навивачите се сосема легитимни и е според Законот за спорт.

„Побараа подобра координација околу нивното влегување и излегување на стадионот за да ги следат целите натпревари, што е сосема нормално, како и подобра организација на натпреварите од страна на спортските клубови, координација со МВР за делот на проценката за бројот на обезбедувачи од приватни служби или редари и ред други работи кои можат да придонесат за поголема безбедност, односно создавање на услови во кои МВР нема да има потреба да реагира. Нашиот закон токму тоа го предвидува, одговорност за организацијата на натпреварот да има домаќинот на тој натпревар, клубот или федерацијата, така што во тој дел треба да се направи една реална проценка колку е потребата од присуство на припадници на приватните агенции за обезбедување, за тие да ги имаат на располагање ресурсите кои се потребни зависност од степенот на ризик на натпреварот“, објасни Јанкуловска.

Министерката потенцираше дека иако законот најмногу наликува на хрватскиот, целиот систем кој се промовира е по примерот на Англија.

„Се зборуваше и за темата за воспоставување на редарска служба во самата навивачка група, со што навиваките групи на некој начин прифаќаат дел од одговорноста за нивното однесување, што е една од практиките кои функционираат во Европа, кои ние само ги пренесуваме. Можеби нашиот закон е најсличен на хрватскиот, но искуствата и системот кој сакаме да го промовираме без сомневање оди по примерот на она што го направи Англија“, изјави Јанкуловска.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески истакна дека Агенцијата на проблемот на насилството на спортот му посветува големо внимание бидејќи трагичните настани  кои се случуваат на спортските терени не обврзуваат на планска и систематска активност.

"Сериозноста на проблемот- недоличното и насилно однесување во спортските терени не обврзува сите заедно најнапред родителите, потесното опкружување, надлежните министерства за внатрешни работи, за образование, за труд и социјална политика и ние, Агенцијата за млади и спорт да пристапиме заеднички во спречувањето на насилното однесување секој во рамките на своите надлежности.-изјави Спасески."

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија