Конкурс за „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади поети, на кој ги повикува сите млади да поднесат свои авторски творби, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:
1. Да се на возраст од 15 до 29 години
2. Да немаат објавено збирки на поезија.
3. Да достават најмалку две поетски творби.
Конкурсот за Млади поети за првпат ќе се реализиран оваа година година, а има за цел да ги поддржи и потикне младите креативци.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра авторска творба и тоа за прва награда се предвидени 15.000 денари, за втора награда 10.000 денари, а трета награда 5.000 денари.
Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите, млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, кои пишуваат поезија да ги достават своите дела на конкурсот. Истите ќе бидат оценувани од страна на комисија формирана од Агенција за млади и спорт, а најдобрите ќе се најдат во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2014 година.
Секој кандидат своите дела треба да ги достави во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „предлог” под шифра, а другиот со документација со иста шифра ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.
Адресата на која треба да се достават авторските дела е:
Агенција за млади и спорт
Сектор млади
Ул. Френклин Рузвелт бр.34, 1000 Скопје
Со назнака „за Конкурсот Млади поети “
Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3113-705, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.
Конкурсот трае од 1 Септември до 30 Септември 2014 година.







