Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

АМС во градежна офанзива – пуштено повеќенаменско игралиште во Бутел

вклучено . Објавено во Соопштенија

26-тото повеќенаменско игралиште од проектот за изградба на 100 повеќенаменски маалски игралишта во државава, кои ги реализира Агенцијата за млади и спорт, денес беше предадено во употреба во општината Бутел.

Директорот на АМС, Марјан Спасески во придружба на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот Петре Латиновски го упатија првиот шут кон голот и свеќено го ставија во функција повеќенаменското игралиште во населбата “Мара Междуречка”.

-“Во изминативе неколку месеци имавме одличка динамика на реализацијата на проектите во делот на капиталната спортска инфраструктура. Ова е 26-то повеќенаменско игралиште кое го ставаме во употреба, 23 низ целата држава се завршени и подготвени за свечено отворање, а во фаза на градба се уште 5. Изградивме 32 спортски сали од проектот за изградба на “35 спортски сали”, а последните 3 се во фаза на градба. Од проектот за изградба на “120 тениски терени”, 39 се завршени, а 28 се во фаза на градба, со што овозможуваме одлична основа за создавање на нови спортски ѕвезди и ја потврдуваме заложбата на Владата за создавање психо-физички здрава младина, оттргната од пороците на модерното живеење” – истакна директорот Спасески.

Тој им порача на младите од општината Бутел да спортуваат и да го развиваат спортскиот дух, бидејќи, како што рече, Агенцијата ќе биде секогаш тука да го следи секој нивни успех и да го вреднува секој нивни резултат.

Министерот Спасов информираше дека соработката на министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за млади и спорт е на одлично ниво и во таа насока, Агенцијата веќе во следниот период ќе инвестира во изградба на спортска сала во Домот за деца без родители “11-ти Октомври” во Капиштец, како и во изградба на повеќенаменско игралиште во Домот за згрижување деца со воспитно-социјални пробелми “25-ти Мај” во општината Бутел.

-“Со овие капитални објекти во спортот, Владата заокружува еден концепт на создавање здрава нација, и одлична превентива за младите во борбата против пороците. Впрочем, сите инвестици во спортската инфраструктура се со единствена цел, а тоа е да се поттикнат развојот на спортот и здравите навики кај младите” – заврши Спасов.

Градоначалникот Латиновски се заблагодари на Владата и Агенцијата за млади и спорт за досега изградените 2 спортски сали, 2 повеќенаменски игралишта и тенискиот терен во нас. Радишани и порача дека токму тие се спортскиот белег на општината Бутел.

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија