Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

Меѓународен ден на лица со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, Агенцијата за млади...

Фитнес зона во Општина Центар

Фитнес зона во Општина Центар

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на...

Гази Баба доби фитнес зона

Гази Баба доби фитнес зона

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со...

70 години Спортска Стрелачка Федерација

70 години Спортска Стрелачка Федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием...

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше организиран...

  • Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

    Меѓународен ден на лица со посебни потреби

  • Фитнес зона во Општина Центар

    Фитнес зона во Општина Центар

  • Гази Баба доби фитнес зона

    Гази Баба доби фитнес зона

  • 70 години Спортска Стрелачка Федерација

    70 години Спортска Стрелачка Федерација

  • Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

    Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Печати

Пуштено повеќенаменско игралиште во село Никифорово, Општина Маврово Ростуше

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска свечено предадоа во употреба повеќенаменско игралиште во с.Никифорово во општината Маврово-Ростуше.
Игралиштето, кои е дел од владиниот проект за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава, е со површина од 1.300 метри и со димензии 45 x 28 метри квадратни. Истото има можност за играње кошарка, мал фудбал, ракомет, серва и други спортови. Покрај тоа ќе може да се користи и во вечерните часови бидејќи е осветлено со рефлектори.

Директорот Спасески на обраќањето, се осврна на инвестициите и вложувањата во спортот и во спортската инфраструктура.
"Од капиталните инвестиции во спортот, кои ги реализира Владата, преку АМС придобивки видоа многу општини. Придобивки виде и општината Маврово Ростуше каде ја изградивме спортската сала Македонија во с. Ростуше, a денес го предаваме во употреба овој повеќенаменски терен, а во следниот период ќе инвестираме и во изградба на еден тениски терен во Маврови Анови"- потенцираше Спасески и им порача на младите активно да го трошат слободното време во спорт и рекреација.
-"Затоа спортувајте, вежбајте, натпреварувајте се, а ние ќе го следиме секој ваш успех и ќе го вреднуваме секој ваш резултат" - заврши Спасески.

Министерката Јанкулоска во својот говор се осврна на тоа дека придобивките од спортот треба да ги чуствуваат сите граѓани без разлика на местото на живеење во Македонија.
"Денес одбележуваме еден многу убав настан што не собра заедно овде во с.Никифорово и општина Маврово-Ростуше. Пуштањето во функција на повеќенаменското спортско игралиште кое е изградено во рамки на проект на Владата на РМ “Изградба на 100 повеќенаменски игралишта“го гледам повеќе како една силна порака – дека спортот не е и не треба да биде ексклузивитет само на големите урбани центри, туку подеднакво како можност што треба да му се пружи секому и секаде. Денеска с.Никифорово е пример за тоа" - истакна Јанкулоска.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија