Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

Вклучете се во „Европската недела на спорт”

„Европска недела на спортот” е проект на Европска Унија, во...

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на...

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

Агенцијата за млади и спорт во делот на активности за млади, како и секоја...

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

Од 24-30 мај во Лимасол, Кипар ќе се одржи Европско првенство во Самбо...

Каратистите на Европско во Пореч

Каратистите на Европско во Пореч

Сениорската карате репрезентација ќе учествува на Европско карате првенство...

  • Вклучете се во „Европската недела на спорт”

    Вклучете се во „Европската недела на спорт”

  • Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

    Промовирана поштенска марка во чест на фудбалската репрезентација

  • Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

    Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

  • Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

    Репрезентативците во Самбо на Европско во Кипар

  • Каратистите на Европско во Пореч

    Каратистите на Европско во Пореч

Печати

Свечено пуштено повеќенаменското игралиште во Реонски Центар, Општина Аеродром

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Со изградбата на повеќенаменските игралишта, спортските сали, фудбалските игралишта и тениските терени низ целата држава, уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за градење на општество базирано на знаење и јакнење на духот и физичкото здравје кај младата популацијa. Ова денеска го истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кој заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Аеродром Ивица Конески го пушти во употреба повеќенаменското спортско игралиште во Основното училиште „Александар Македонски“ во општина Аеродром.
- Со активностите кои ги превземаме, ги поттикнуваме младите активно да се занимаваат со спорт и ги насочуваме кон вистинските вредности. Игралиштето кое денес го ставаме во функција е 28-то повеќенаменско игралиште. Низ целата држава 21 се завршени и подготвени за отворање, а уште пет игралишта се во фаза на градба и очекуваме во најскоро време да бидат целосно завршени, информира Спасески и додаде дека очекува на овие игралишта младите од ОУ "Александар Македонски" и од населбата Реонски Центар-Аеродром своето слободно време да го поминуваат тука.

Министерката Канческа-Милевска истакна дека инвестирајќи во спортот и спортската инфаструктура, ние инвестираме во вистинските вредности, во здрави генерации и силни индивидуи и додадед дека ова новоизградено игралиште, на кое младите ќе имаат можност да се дружат и да го поминуваат своето време, ќе има позитивни ефекти врз целокупниот развој, отргнувајќи ги младите од негативните појави од модернето време заврши во своето обраќање Канческа-Милевска.

Градоначалникот Конески појасни дека игралиштето е изградено според меѓународни стандарди, а вкупната негова површина со обиколната патека изнесува 1.300 метри квадратни. Игралиштето може да се користи за фудбал, серва, кошарка, ракомет, тенис.

 

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија