Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт во посета на младинскиот камп „Насликај мир“
Директорот на Агенцијата за млади и спорт денеска ги посети учесниците на Младинскиот камп „Насликај мир“ , кој од 24-29 август се одржува во Струга како дел од проектот „Младински Мировни Амбасадори“ инициран и спроведен од страна на Советот на Европа, во соработка со Младиинфо.
Во воведниот дел на Кампот, Директорот пред младите учесници ја претстави Агенцијата за Млади и Спорт,нејзините надлежности, како и досегашните, но и планирани проекти и активности .
Во рамки на шестдневниот Мировен камп , 20 учесници ќе се запознаат со темите поврзани со интеркултурен дијалог, човекови права, градење мир и трансформација на конфликти.








