Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Интервју со Благоја Милевски-Боби, тренер на Фудбалскиот клуб Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

Интервју со Благоја Милевски-Боби, тренер на Фудбалскиот клуб Вардар

Милевски: Веќе се чуствуваат придобивките од трансформацијата на ФК Вардар во АД

Потребно е клубовите да се трансформираат во Акционерски друштва бидејќи на тој начин за спортистите ќе се плаќа здравствено осигурување, но и ќе им тече работен стаж. Според мене, професионалните спортисти треба да имаат бенефициран стаж бидејќи нивната кариера завршува на најмногу 38 години-вели Милевски

Како Вие, како тренер, гледате на трансформацијата на клубовите од здруженија во Акционерски друштва?

Милевски: Донесувањето на новиот Закон за спорт со кој клубовите треба да се трансформираат како Акционерски друштва, според мене е еден чекор напред во професионалните односи во спортот кои треба да бидат застапени. Ние, во ФК Вардар, започнавме да го применуваме Законот уште пред тој да биде донесен, односно уште од јули-август минатата година, бидејќи сфативме дека на тој начин подобро ќе функционира клубот, а нашите фудбалери ќе имаат подобра иднина.Сметам дека Законот е добар, но треба да се доработи на начинот на кој ќе се применуваат дисциплинските мерки. Тие треба да бидат поригорозни, не мора да бидат само финансиски, може и на друг начин да се спроведуваат бидејќи мора да се почне од некаде за да се одржуваат одредени критериуми.

Како ФК Вардар се справи со состојбата во која беше, дали сега условите по трансформацијата се подобрија?

Милевски: Со самата промена на раководството во ФК Вардар во јуни 2011 година, започнаа и промените. Нашите фудбалери сега имаат редовни примања, пријавени се и им тече стаж. Сметам дека професионалите спортисти треба да имаат бенефициран стаж бидејќи работниот век на спортистот е краток и завршува некаде на најмногу 38 години. Во јануари кога започна да се имплементира трансформацијата на спортските клубови, ние не ја ни почувствувавме бидејќи кај нас таа веќе оддамна беше завршена. Ние станавме лидери од кои треба да учат останатите клубови кои ја спроведуваат трансформацијата во АД.   

Дали е потребно, според Вас, да се направат одредени измени или дополнувања на Законот за спорт?

Милевски: Бидејќи го немам целосно проучено Законот, не можам конкретно да зборувам. Но, сметам дека доколку има одредени даночни олеснувања за спонзорите кои најчесто се големи компании повеќе ќе се инвестира во спортот, така е во Европа, а би требало и да биде кај нас, за спортските клубови да можат да одржуваат една нагорна линија. Но, во моментот нема услови поради светската економска криза, која е присутна и во Македонија.

Дали имате поддршка од Град Скопје, кој е ваш најголем акционер?

Милевски: Имаме ограмна поддршка од Град Скопје кој е сопственик со 51 отсто на клубот. Останатите 49 отсто му припаѓаат на Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор. Но, вратите за останатите компании кои сакаат да бидат спонзори во нашиот клуб се отворени и секој кој сака да помогне и да вложи во ФК Вардар е добредојден.

Дали ФК Вардар се соочува со проблеми сега по трансформацијата?

Милевски: Најголем проблем ни е што немаме каде да тренираме. Ни се случува и пред натпревар со автобус со играчите да се возиме низ Скопје и да бараме слободно игралиште. Сениорите најчесто ни тренираат во Ѓорче Петров, а јуниорите и младинците во Аеродром. Еднаш во неделата имаме трениг на Арената Филип Втори и за тоа сме му благодарни на директорот. Пред некое време ЕВН одобри донација во висина од некаде 200 илјади евра за реконструкција на помошниот терен на арената Филип Втори, но не знаеме зошто сеуште тоа не почнува да се гради. Се надевам дека во најскоро време ќе почне да се гради. Нас никој не не прашува како се снаоѓаме за тренинг и затоа морам да ги пофалам моите фудбалери кои се максимално посветени професионалци и без разлика на условите за тренинг даваат врвни резултати.

ФК Вардар е најтрофејниот клуб во Република Македонија, минатата година повторно ставате шампиони по многу лоши сезони. Дали Вардар има сила повторно да биде првак на Македонија?

Милевски: Согласно реномето и брендот на клубот, јасно е дека и оваа година одиме на шампионска круна. Имаме сила, верувам во момците, амбициите ни се јасни и насочени сме кон успех.

 

Автор: Бојана Стојчевска (отстапени авторски права за превземање)*

*Ве молиме ако го превземате интервјуто, името на авторот да биде напишано.

 

 

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија