Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

КК Струмица преминува во целосна сопственост на општината

вклучено . Објавено во Соопштенија

Советот на општина Струмица на денешната редовна седница, меѓу другото, донесе Олука со која ги презема основачките права на акционерското друштво за спортска дејност Кошаркарски клуб “Струмица”. Тоа значи дека уште еден кошаркарски клуб во Македонија е трансформиран во акционерско друштво, односно онака како што налага законот. Сепак, во моментов не е познато колку кошаркарски суперлигаши го имаат исполнето овој услов и дали ќе ги има во доволен број за да се одржи лигата. Кошаркарската сезона обично започнува околу средината на октомври, но се уште не е познат календарот ниту официјалниот термин кога ќе биде стартот. Прво, потребно е да се види дали има доволен број на екипи регистрирани како АД. Во пракса, досега како сопственици интерес покажаа само општините, додека вистински приватни инвеститори реално нема во кошарката и во спортот воопшто.

Советот на општината донесе Одлука со која ги зема основачките права на КК “Струмица” под своја ингеренција, а за преставник во Управниот одбор на клубот го избра претседателот на Советот Марјан Даскаловски. 

Од општината во образложението на одлуката појаснија дека согласно измените во Законот за спорт сите клубови во иднина ќе имаат обврска за професионален однос кон 50 отсто од играчите на кои им следува пензиско и здравствено осигурување со што се зголемуваат финансиските трошоци. 

- Општина Струмица со фузирање на четрите поранешни кошаркарски клубови во КК ”Струмица” имаше цел создавање силен кошаркарски клуб и бидејќи веќе го отворивме овој процес остануваме и понатаму на располагање и на останатите прволигашки клубови од областа на одбојката, ракометот и фудбалот да ги разгледаме нивните барања доколку ги достават до Советот. Бидејќи со предходна Одлука општина Струмица со 25 илјади евра го финансира работењето на КК “Струмица”со оваа Одлука стануваме 100 отсто сопственик на АД КК Струмица. Сепак, останува во иднина да се види во кој правец ќе се движи професионализацијата во спортот - рекоа од општината. (Статија превземена од дневен весник ДНЕВНИК)

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија