Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

Меѓународен ден на лица со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, Агенцијата за млади...

Фитнес зона во Општина Центар

Фитнес зона во Општина Центар

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на...

Гази Баба доби фитнес зона

Гази Баба доби фитнес зона

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со...

70 години Спортска Стрелачка Федерација

70 години Спортска Стрелачка Федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием...

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт (АМС) беше организиран...

  • Меѓународен  ден на лица со посебни потреби

    Меѓународен ден на лица со посебни потреби

  • Фитнес зона во Општина Центар

    Фитнес зона во Општина Центар

  • Гази Баба доби фитнес зона

    Гази Баба доби фитнес зона

  • 70 години Спортска Стрелачка Федерација

    70 години Спортска Стрелачка Федерација

  • Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

    Македонија горда на шампионите-прво место Светски Куп пара ХипХоп

Печати

Состанок на националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени

вклучено . Објавено во Соопштенија

Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени денес одржа седница на која заседаваше за последните спортски инциденти и за превземањето идни активности за спречување на спортските инциденти. Работата на телото започна со осуда за последните инциденти од натпреварот помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер.

Печати

Интервју со Милан Илиевски и Остоја Стјепановиќ, фудбалери на ФК Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

Тимот за кој навиваш се бодри и љуби и кога се победува и кога се губи

Го осудуваме чинот на насилство кој се случи на Арената Филип Втори. Со ФК Пелистер ќе се видиме уште двапати, на гостински и домашен терен, во четвртфиналето, а тогаш треба да покажеме и двете страни дека сме цивилизирани и дека знаеме да навиваме, без кавги и тепачки. Никогаш не треба да бараме виновници кој почнал прв, да бидеме јасни фудбалот се игра на терен, а не надвор од него велат Стјепановиќ и Илиевски

Печати

Успех на Федерацијата на Република Македонија за Бразилската Џиу Џица

вклучено . Објавено во Соопштенија

На Првиот македонски турнир во граплинг ( борба во брзилска џиу џица без кимоно ) под водство на моќната федрација за граплинг ADCC со седиште во Абу Даби, нашите клубови и членови извојуваа победи и ги освоиа постигнаа следниве резултати:

- 3 златни медали - Владимир Величков, Ариан Јусуфи и Муахмед Чевахир;

- 4 сребрени медали - Бојан Диков,Александар Заткоски, Менче Стојаноска и Мики Смиљковиќ;

- 2 бронзени медали - Никола Стефановски и Јанев Ристо.

Сите освојувачи се членови на нашиот клуб за бразилска џиу џица "Д Стронгест - РООТС БЏЏ Македонија".

Убедливо за најуспешен тим беше прогласен тимот на "Д Стронгест - РООТС БЏЏ Македонија" со 29 поени, на второ место беше клубот од Бугарија "Були Тим" со 14 поени, а на трето место беше тимот од Гостивар со 6 поени.

Печати

ЧЕСТИТКА ДО КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ МЗТ СКОПЈЕ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани кошаркари на КК МЗТ Скопје,

Дозволете од името на Агенцијата за млади и спорт да Ви го честитаме успешниот старт во Јадранската лига.

Со првиот настап на македонски тим на ова големо натпреварување, уште еднаш се потврди јачината на македонската кошарка и македонскиот спорт.

Со победата против Цибона, покажавте како се игра со срце на терен.

Оваа победа против големата Цибона нека претставува почеток на новите победи во Јадранската лига.

Ви посакуваме од срце.

Печати

Oбезбедени маички и бесплатен влез за ученицитe спортисти кои во живо ќе ги проследат натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт во координација со Фудбалската федерација на Македонија и Федерацијата за училишен спорт на Македонија ќе организира групно носење ученици спортисти на натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија. 

Воедно за учениците спортисти ќе бидат обезбедени маички
 и ќе биде обезбеден бесплатен влез на натпреварите. Со ова се обезбедува можност спортистите ученици во живо да ги проследат фудбалските натпревари и да бидат поблиску до своите спортски идоли од Првата фудбалска лига.

Печати

Интервју со Индира Кастратовиќ, поранешен капитен на женската ракометна репрезентација и тренер на ЖРК Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

Кастратовиќ:  Да се биде професионален спортист го сметам за привилегија бидејќи тоа се едни од ретките луѓе кои го работат од се срце она што го сакаат и од тоа заработуваат.

Спортистот се гради преку натпреварувањето, затоа турнирите се најбитниот дел од креирањето на спортистот. Потребно е да создадеме повеќе клубови, кои ќе бидат финансирани од јаки спонзори, доколку сакаме врвни спортисти кои ќе се истакнуваат преку квалитетни лиги- вели Кастратовиќ

Печати

Првачињата измамија насмевки кај македонските спортисти

вклучено . Објавено во Соопштенија

По повод детската недела, како и светските денови на насмевката и на учителите, Агенцијата за млади и спорт, заедно со 92 првачиња од основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци и фудбалерите на ФК Вардар, како и кошаркарите на КК Работнички денеска во 10 часот ја посетија скопската Зоолошка градина.

Печати

Соопштение на Агенцијата за млади и спорт во врска со натпреварот помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт најостро ги осудува инциденти предизвикани на натпреварот од Првата фудбалска лига на Македонија помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер.

Уништувањето и демолирањето на фудбалската арена “Филип II Македонски”(градена со средства од сите граѓани на Република Македонија) од страна на навивачите нанесува само недоместлива штета на фудбалот и спортот во Република Македонија.

Печати

Дружење со возрасните од пензионерскиот дом Аеродром

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска, во 12 часот, директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, заедно со Заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија,  г-ѓа Марија Којзеклиска, како и претставници на Шаховската федерација на Македонија го посетија пензионерскиот дом Аеродром.

Возрасните граѓани добија донација од шест табли, шест шахови, четири домина, како и четири шпила на карти.

За време на посетата пензионерите, заедно со младите одиграа неколку партии шах со директорот Поповски.

Печати

ЧЕСТИТКА ДО РАКОМЕТНИОТ КЛУБ МЕТАЛУРГ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани ракометари на РК МЕТАЛУРГ,

Агенцијата за млади и спорт Ви ја честита победата против РК Шамбери од новата сезона на Лигата на шампионите.

Воедно Ви посакуваме овој победнички старт на почетокот на новата сезона, да Ве следи до крајот на сезоната и да Ви донесе освојување шампионска титула во Лигата на шампионите. 

Ви посакуваме од срце.

Печати

Раскинување на договорот за соинвеститорство со Општина Карпош

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт во врска со изградените “Две двојни тениски игралишта на кејот на реката Вардар” и “Карпа за спортско планинарење на кејот на реката Вардар” во Општина Карпош, Ве информира дека договорите за соинвеститорство за горенаведените спортските објекти потпишани со Општина Карпош се раскинуваат поради неисполнување на обврските од договорот од страна на Општина Карпош.

Печати

Започна реконструкцијата на спортската сала во Велгошти, Охрид

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт ја информира јавноста дека се започнати активностите за целосна реконструкција и добивање нов изглед на спортската сала. Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди 20 милиони денари наменети за реконструкција на спортската сала во охридското село Велгошти.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија