Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Реконструкција на базенот во Струга

Реконструкција на базенот во Струга

Започна реконструкцијата на базенот во Струга, еден од најголемите проекти...

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Денеска во 11.00 часот свечено се отвори објектот на едриличарскиот клуб...

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Агенцијата за млади и спорт, започна со организација на обуки за развој на...

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Нашата метропола е домаќин на уште еден настан од светски ранг, ИТТФ челенџ...

Прва обезбедена норма за Токио

Прва обезбедена норма за Токио

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и...

  • Реконструкција на базенот во Струга

    Реконструкција на базенот во Струга

  • Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

    Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

  • Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

    Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

  • Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

    Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

  • Прва обезбедена норма за Токио

    Прва обезбедена норма за Токио

Печати

Прием за македонските скијачи пред настап на зимските ОИ

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams zoi

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ја прими македонската скијачка делегација, која ќе настапи на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, во период  9 до 25 февруари.

Антонио Ристевски, кој  е најискусен меѓу натпреварувачите, со учество на својата трета Олимпијада, ќе настапи во слалом и велеслалом со обезбедена А олимписка норма, и ќе се обиде да го подобри 29.место освоено на претходните олимписки игри во Сочи.

Печати

Каевски ја предводи владината делегација од Агенцијата за млади и спорт на Форум за млади во Њујорк

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams DK vo Njujork w 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски имаше свое излагање на Младинскиот форум на Економскиот и социјален совет (ECOSOC), кој се одржа 30-31 Јануари во ОН во Њујорк.

Целта беше обезбедување на платформа и вклучување на младите во дијалог со земјите членки во изнаоѓење на иницијативи за промовирање на иновативни и институционални пристапи за унапредување на агендата за развивање на младите на национално и глобално ниво.

Печати

Волонтерски центар "Скопје" во АМС

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams a dic web 1

Градење капацитети на цивилното општество за зајакнување на волонтерски менаџмент и промоција на волонтеризмот меѓу младите беше темата за која претставници на повеќе младински организации имаа можност да искажат свои размислувања.

Средбата се одржа во  Агенцијата за млади и спорт, каде имаше презентација на Волонтерски центар Скопје за проектот, “TrainVol: Volunteerism as a vehicle to skills development and empoyability”поддржан од Еразмус плус

Печати

Средба Каевски-Костелиќ

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams hr web1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во рамките на работната посета на Хрватска, оствари билатерална средба со хрватската владина делегација предводена од генералниот Државен секретар за спорт, Јаница Костелиќ. Каевски на средбата се заблагодари за укажаната прилика и истакна дека билатералната соработка и унапредување на заедничкото пријателство со Хрватска е еден од приоритети за регионална соработка на Агенцијата за млади и спорт.

Печати

Поддршка на Амс за млади-инфо проектот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams a

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа средба помеѓу претставникот од  Интернационалната мрежа Млади –Инфо,  Ана Алибегова, и дел од вработените од секторот Млади при АМС.

Целта на средбата беше здружување на силите и придонес за поактивна локална политика за млади, како и вработување на младите.

Печати

Доделени наградите за најдобрите млади поети од конкурсот на АМС

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams poeti grupna

Агенцијата за млади и спорт по четврти пат го реализираше конкурсот за најдобри млади поети, на кој годинава пристигнаа творби од 48 автори.

По тој повод, денес, во просториите на АМС се организраше поетско читање и доделување на награди за тритте најдобри творби, кои добија симболични награди во износ од 20 илјади, 15 илјади и 10 илјади денари.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ги поздрави младите поети и изјави дека е пријатно изненаден од бројот на пристигнати творби.

Печати

Неформални средби со министрите за спорт и млади на Србија и Бугарија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk i min bg w 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во рамките на официјалната посета и учество на Младинскиот форум на Економскиот и Социјален Совет (ECOSOC), кој се одржа во периодот од 30 до 31 јануари во Обединетите Нации во Њујорк, оствари и неформални средби со министерот за спорт и млади на Србија, Вања Удовчиќ и со министерот за спорт и млади на Бугарија, Красен Кралев.

Печати

Каратистите на Европско во Сочи

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams karate

Агенцијата за млади и спорт е местото од каде Македонските каратистизаминуваат на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21) кое ќе се одржи во Сочи, Русија од 2-4 февруари. 

На пресот, кој денеска се одржа во АМС, присуствуваа тренерите на државните репрезентации, заедно со неколкумина натпреварувачи, кои се најдобри во своите категории. 

На ова 45-то  Европско првенство во Сочи се пријавени околу 1000 натпреварувачи од 44 држави. Македонија ќе настапи со 21 каратист.

Печати

ИЗВЕСТУВАЊЕ

вклучено . Објавено во Соопштенија

rico

Почитувани потенцијални кандидати,

Поради направена ненамерна номотехничка грешка во делот на критериумите од последната алинеа на Јавниот повик објавен од страна на Агенцијата за млади и спорт на ден 02.01.2018 година, а кој се однесува за формирање на Работна група за избор на младински претставник во Управниот Одбор (УО) на РИКО и кој ист повик беше продолжен со повикот објавен на 12.01.2018 година, ги информираме сите заинтересирани организации, кои сакале да аплицираат дека рокот за доставување на апликации по Јавниот повик е продолжен до 26.01.2018 година.

Печати

Продолжување на рокот за аплицирање по Јавниот повик

вклучено . Објавено во Соопштенија

RICO FOTO

Продолжување на рокот за аплицирање по Јавниот повик за формирање на Работната група за избор на младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан

Работната група за избор на младинскиот претставник ќе има за цел да спроведе постапка за избор на младинскиот претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан и да поднесе предлог одлука до Директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Печати

Јавен повик за формирање на Работна група

вклучено . Објавено во Соопштенија

rico

Јавен повик за формирање на Работната група за избор на младински претставник во Управниот одбор  на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.

Работната група за избор на младинскиот претставник ќе има за цел да спроведе постапка за избор на младинскиот претставник во Управниот Одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан и да поднесе предлог одлука до Директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Печати

Дополнителни средства за најдобрите младински клубови

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams darko

Агенцијата за млади и спорт донесе  одлука со која освен Националните спортски федерации, дополнително ќе се финансираат најдобрите младински клубови.

Станува збор за возрасни категории од 14-20 години, а условот е тимовите да имаат остварени најдобри резултати изминатава година во системот на натпревари. Освен за поголемите федерации, како фудбалска, ракометна, кошаркарска и одбојкарска, кои ќе земат најголем процент од средствата, нема да бидат изоставени ниту помалите федерации, ниту поединечните спортови.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија