Истакнати спортски работници од Република Србија ја посетија куќата на спортот

Агенцијата за млади и спорт беше посетена од спортска делегација од соседството со која беше разговарано на повеќе теми од спортот и спортските активности на двете соседни држави. Делегацијата беше предводена од претседателот на Асоцијацијата на спортските центри на Србија Неѓелко Миловиќ, кој во придружба на директорот на спортскиот медицински центар и претседателот на Општина Лучани разменија свои искуства и идеи со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.


















