Одбележан Меѓународниот ден на спортот
Со реализација на неколку активности денеска Република Македонија го одбележува 6 Април –
Меѓународниот ден на спортот. Годинава одбележувањето на овој голем ден доби и социјална
димензија при што во организацијата беа вклучиме и дечињата од Домот за деца без родители.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески заедно со македонските спортски
легенди Индира Кастратовиќ, Игор Стефановски-Иџе, Мартин Несторовски, Благоја Георгиевски-Буштур и Атанас Николовски, ги посетија и се дружеа со децата од Домот за деца без родители„11-ти Октомври”, каде дечињата практикуваа традиционални игри и спортови.










