
На патеката „Мирна долина“ на Маврово в сабота и недела ќе се одржи 52. издание од меѓународната манифестација во нордиско скијање „Мавровски меморијал“.
За првпат главен покровител е Агенцијата за млади и спорт без чија поддршка годинава немаше да се одржи ова натпреварување.
- Агенцијата за млади и спорт како институција која се грижи за развој и популаризација на спортот, настојува да се приближи до современите светски теркови за унапредување на вредностите на општеството и државата. Токму со одржувањето на „Мавровскиот меморијал“ ние ја продолжуваме традицијата на големи светски настани одржани во Република Македонија. Влогот на многумина низ изминативе 52 години во организирањето на овој настан придонесе „Мавровскиот меморијал“ да прерасне во настан кој го промовира Маврово и Република Македонија, оставајќи траен белег во спортот, изјави директорот на АМС Марјан Спасески.