Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, му го честиташе...

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод 51-от...

Европска бронза за Емил Павлов

Европска бронза за Емил Павлов

Нашите каратисти имаа успешен настап на Европското првенство во карате, кое...

 Светската танцова елита во Скопје

Светската танцова елита во Скопје

Танцовата федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт и...

Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Европскиот шампионат во шах во поединечна конкуренција беше свечено пуштен...

  • Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

    Прием на бронзениот Егоров од Европското првенство во борење, Букурешт

  • ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

    ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на дива вода викендов на Матка

  • Европска бронза за Емил Павлов

    Европска бронза за Емил Павлов

  •  Светската танцова елита во Скопје

    Светската танцова елита во Скопје

  • Скопје домаќин на  Европскиот шаховски шампионат

    Скопје домаќин на Европскиот шаховски шампионат

Печати

Неделава се одржуваат првите консултации за нов Закон за млади во Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo dijana 1

Младите од Кичево, Охрид и Куманово споделија кои се нивните потреби и идеи

На 21-ви и 22-ри мај во три градови се одржаа првите консултации со млади за да се чујат нивните ставови за тоа каков Закон за млади е потребен во Македонија. Младите од Кичево, Охрид и Куманово ги споделија своите ставови за тоа кои проблеми би сакале да бидат решени со овој закон со претставници на младинските организации, Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република Македонија.

Печати

Шампионскиот пехар за ЖРК Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams radicevic

Агенцијата за млади и спорт им ја честита на  вардарки освоената шеста шампионска титула во македонското првенство, а честитки и за борбената игра на младите девојки на Металург. Директорот на АМС, Дарко Каевски ја доби честа да им го врачи шампионскиот пехар на ЖРК Вардар за освоената титула во македонското првенство.

Печати

Горди на Емил Павлов-Вистински пример на спортист за идните генерации на македонски спортисти

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk i emil 1


Најдобриот Македонски каратист ја потврди титулата "најдобар". Европскиот шампион во карате, Емил Павлов вели дека златниот медал е негова дополнителна мотивација за успеси на големите натпреварувања, најпрво Светското првенство, а потоа и Олимпијадата во Токио.

Кој е Емил Павлов?

* прв спортист cо европска титула во олимписки спорт по Могамед Ибрагимов кој беше европски првак 1998 година во борење слободен стил ;
* прв роден Македонец од независноста на Република Македонија со сениорски европски златен медал во олимписки спорт ;

Печати

АМС го најави одржувањето на најголемиот Македонски интернационален турнир во борење “Македонски бисер" кој по 42-ти пат ќе се одржи во Македонија.

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams biser

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски потенцираше дека традицијата продолжува благодарение на вредните спортски работници од Боречката федерација, а Агенцијата за млади и спорт е секогаш тука да даде поддршка за развој на борењето.

- “Борењето е најтрофејниот спорт во Република Македонија, и иако во изминативе години изостанаа големи резултати, интересот кај младите за борење е зголемен, а очигледно со ангажман на раководните луѓе на федерацијата, борењето се враќа на македонската сцена на голема врата”, истакна Каевски.

Печати

Македонската карате репрезентација традиционално на прием во АМС пред тргнувањето на ЕП во Н.Сад, Србија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Karate 1Агенцијата за млади и спорт е повторно местото од каде македонската карате репрезентација заминува на 53. Европски шампионат во Нови Сад, Србија, на кој шампионат учество ќе земат 532 натпреварувачи од 52 земји, што претставува рекорден број држави на континентални шампионати.
На прес-конференцијата организирана во просториите на АМС, свое излагање имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и стручниот штаб на македонската карате репрезентација, предводена од Стојан Андриевски и Сашко Арсовски.
Директорот Каевски истакна дека нашата држава е редовен осојувач на медали, што е единствен случај во сите наши спортови, а особено е важно што минатата година Македонија се закити со сребрен и бронзен медал, на првото европско првенство откако каратето стана олимписки спорт.

Печати

Бронзен Хамамед за Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams bronza taekvondo

Голем успех на Анамарија Георгиевска (-59 кг) на Светско јуниорско првенство во таеквондо,  освојувајќи го бронзениот медал кој е прв за еден македонски репрезентативец на светските првенства.

Анамaрија на Светското првенство во Хамамед – Тунис, во полуфиналето загуби од фаворитката Ју А Парк од Јужна Корeа со 14-21. Со овој пласман Анамарија Георгиевска обезбеди виза за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес во Аргентина ова лето.

Печати

Параолимпијката Наковска Бикова на прием во куќата на спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem bikova

По одличниот настап на македонската Параолимпијка Оливера Наковска – Бикова на Парасветското првенство во Чеонгју, Јужна Кореја и освоениот бронзен медал во дисциплината воздушен пиштол, Наковска обезбеди директен пласман на Параолимписките игри во Токио 2020 година.

Тоа беше одличен повод за прием на една од најдобрите македонски спортистки во Агенцијата за млади и спорт, каде импресиите од настапот во Чеонгју му ги пренесе на директорот Каевски и истовремено го најави својот пласман на ОИ во Токио 2020.

Печати

Шампионскиот пехар за РК Вардар

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams stole

Директорот на АМС, Дарко Каевски ја доби честа да им го врачи шампионскиот пехар на РК Вардар за освоената 12 титула во македонското првенство.

- Нека оваа титула биде увертира пред освојувањето на европскиот шампионски трофеј. Честитки од мое лично име и од Агенцијата за млади и спорт, - изјави Каевски.

Печати

Утре ќе се одржи ,,Саемот на кариера"

вклучено . Објавено во Соопштенија

Saem

Агенцијата за млади и спорт за прв пат годинава го организира настанот „Саем на кариера 2018“, кој ќе се одржи на 15-ти мај (вторник), со почеток во 10:00 часот на локацијата Кампус на општествени науки при Универзитет Св. „Кирил и Методиј“.
Целта на овој настан е младите да се информираат и да стапат во директен контакт со компаниите, со можност да бидат селектирани за обука, пракса или пак вработување.

Печати

Започнува единаесетата по ред училишно-спортска манифестација ,,Гимназијада"

вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

Поттикнувањето на интересот кај младата популација за активно учество во професионалниот и рекреативен спорт, како и заложбите за генерален развој на спортот во Република Македонија се едни од основните принципи на кои е базирана владината политика за поддршка на младите, за нивно правилно насочување и развивање во личности со изразен натпреварувачки дух и креативност, кои ќе ја создаваат и предводат иднината на земјата.

Печати

“Стоп на пороците кај младата популација”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams stop poroci web 1

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’. Спроведувањето на Проектот продолжува во четири Општини и тоа: Битола, Гостивар, Неготино и Штип, со реализација на едукативни работилници кои ги опфаќаат учениците од   VII/ VIII и IX одделение. Работилниците   се реализират од страна на   Агенцијата за млади и спорт во соработка со Црвен Крст на Република Македонија.

Печати

Поддршка на младински клубови

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo dijana 1

Фокусот кон Младинските категории и младите спортисти на Агенцијата за млади и спорт и понатаму останува насочен со цел да ја зголеми мотивацијата кај младите спортисти.

Агенцијата за млади и спорт во рамките на своите програмски определби, во првото полугодие распредели 12.000.000,00 денари наменети за 250 младински прво рангирани клубови, учесници во спортскиот систем на натпревари од 49 национални спортски федерации, согласно Ранг листа предложена од федерациите, врз основа на пласманот на екипите и остварените спортски резултати.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија