100 повеќенаменски игралишта
За развој на масовниот спорт и спортот за сите, најдобор начин да се создадат услови е преку изградбата на повеќенаменските игралишта. Повеќенаменските игралишта ќе бидат ставени на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштата ќе можат да се користат деноноќно и ќе бидат место за собирање и дружење на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење. Игралиштата ќе бидат опремени со спортски реквизити и опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови. Истите ќе бидат заградени и осветлени за спортување и одигрување на натпревари во ноќните часови.