100 повеќенаменски игралишта
За развој на масовниот спорт и спортот за сите, најдобор начин да се создадат услови е преку изградбата на повеќенаменските игралишта. Повеќенаменските игралишта ќе бидат ставени на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Игралиштата ќе можат да се користат деноноќно и ќе бидат место за собирање и дружење на младите генерации, како и основа за создавање на здрава младина и одлична превентива од пороците на модерното живеење. Игралиштата ќе бидат опремени со спортски реквизити и опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови. Истите ќе бидат заградени и осветлени за спортување и одигрување на натпревари во ноќните часови.






Високо развиените држави во националните стратегии за развој на здрава, социјализирана, психоморфолошки профилирана младина, неминовно ги имаат имплементирано масовните форми на рекреативно и професионално бавење со спорт.
Високоразвиените држави во национални стратегии за развој на здрава, социјализирана, психоморфолошки профилирана младина неминовно ги имаат имплементирано масовните форми на рекреативно и професионално бавење со спорт.
Спортското качување е релативно нова дисциплина во нашата земја која е многу популарна во светот поради исклучително вредните спортски содржини и можностите што ги нуди. Признание за вредноста на овој спорт дава и Mеѓународниот олимписки комитет, кој истиот го вклучи во програмата на спортови кои ќе бидат застапени на наредните олимписки игри во Лондон 2012 година.
Тенисот кој е еден од најактуелните светски спортови анимира милиони играчи и фанови од целиот свет. Најдобрите играчи стануваат икони на новата генерација.

