Печати

Вештачка карпа за спортско качување

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Проекти

Спортското качување е релативно нова дисциплина во нашата земја која е многу популарна во светот поради исклучително вредните спортски содржини и можностите што ги нуди. Признание за вредноста на овој спорт дава и Mеѓународниот олимписки комитет, кој истиот го вклучи во програмата на спортови кои ќе бидат застапени на наредните олимписки игри во Лондон 2012 година.
Локацијата на спортскиот објект ,,ВЕШТАЧКА КАРПА ЗА СПОРТСКО КАЧУВАЊЕ" се наоѓа во Општина Карпош, во близина на скејт паркот и е со димензии 50м/40м. Објектот опфќа вештачка карпа за спортско качување, вештачка карпа- болдер, помошен објект, монтажни трибини и столб за громобранска инсталација.

Вештачката карпа за спортско качување се состои од средишен дел за брзинско натпреварување на кота  11м, лев ѕид за тежинско натпреварување на кота  16м и десен ѕид за тежинско натпреварување и плагфон за тежинско натпреварување. 

Вештачката карпа ќе биде со површина од 305 м2.Површината каде ќе се качуваат спортските качувачи ќе биде направена од ГРП рељефни триаголни панели на кои се поставени клинови за спортско качување..Конструкцијата на вештачката карпа претставува решеткаста челична просторна конструкција.

Помошната карпа -болдерот е со површина од 58м2 и ќе биде составена од 5 различни карпи по профили сите со иста височина од 4.80м.Исто така и овој тип на карпа ќе биде направен од челична просторна конструкција покриена со ГРП рељефни панели со поставени клинови за спортско качување.

Помошниот објект е со површина од 78м2 и содржи загревална за спортистите,санитарии за спортисти и јавно WC.