Сектор Спорт
д-р сц. Томислав Андоновски
тел.02/ 3 211818
Во дејноста спорт во Република Македонија, активни се повеќе од 1.500 спортски клубови, здружени во 46 национални спортски сојузи, со голем опфат на млади и граѓани со спортско и спортско-рекреативни активности. Се реализира разгранет и рационален систем на натпревари во сите национални спортски сојузи, со голем број учесници, тренери, судии, спортски лекари и спортски работници.
Покрај ова, се остваруваат значајни спортски резултати на меѓународната сцена, а напоредно со ова тече и меѓународната спортска соработка на национални спортски сојузи и нивните клубови. Спортистите од Република Македонија се учесници и творци на високи спортски резултати на Балканијади, Европски и Светски првенства и олимписки игри.
Наша цел е да помогнеме и учевствуваме во развојот на спортот, во сите негови сегменти, како во квантитативна насока, со опфат на голем број деца, млади и граѓани, така и со остварување на високи спортски резултати на најголемите светски и европски натпреварувања.
1) Сектор Спорт во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:
1. следи, проучува и обработува прашања поврзани со системот и организацијата на спортот и меѓународната соработка во областа на спортот и предлага мерки за нивно унапредување и развој;
2. ги следи сосојбите во здруженијата, асоцијациите и другите субјекти кои вршат дејност спорт;
3. ја следи состојбата на стручните кадри во спортските здруженија и предлага мерки за нивно усовршување;
4. ја следи мрежата на здруженија и асоцијации од областа на спортот и системот на натпревари и предлага мерки за унапредување, развој и стручно усовршување;
5. ги следи специјалните спортски програми со талентираните ученици;
6. ги следи спортските сктивности на студентите и граѓаните;
7. подготвува Програма за развој на спортот во Република Македонија;
8. ја следи реализацијата на меѓународните спортски приредби и манифестации;
9. предлага, планира и поттикнува меѓународна соработка во областа на спортот;
10. ги следи активностите на Советот на Европа во областа на развојот на спортот и презема мерки за спроведување на конвенции и други меѓународни документи од областа на спортот прифатени од Република Македонија;
11. предлага и изготвува мерила и критериуми за стекнување на статусот, рангот, правата и обврските на врвните спортисти аматери;
12. предлага и изготвува стандарди за здравствена контрола на учесниците во спортско рекреативните активности;
13. предлага и изготвува мерила и критериуми за финансирање на дејноста, на спортот на децата, младината и спортско-рекреативна активност на граѓаните и врвниот спорт и го следи нивното спроведување;
14. ги планира програмите потребни за остварување на дејноста;
15. предлага и изготвува програми за меѓународна соработка во областа на спортот и ја следи нивната реализација;
16. дава мислење по програми за меѓународна соработка кои ги изготвуваат и предлагаат други органи и установи;
17. ги следи активностите на спортските здруженија од областа на спортот на граѓаните на Република Македонија кои живејат и престојуваат во странство;
18. предлага и изготвува документи за билатерална и мултилатерална соработка во областа на спортот и ја следи нивната реализација;
19. ги врши стручните и административно-техничките работи на Советот за спорт;
20. ја следи и поддржува издавачката дејност во областа на спортот;
21. изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали од областа на спортот; и
22. прибира извештаи.
(2) Одделение за Национален спорт, како организациона единица во состав на Сектор Спорт, во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:
1. следи, проучува и обработува прашања поврзани со системот и организацијата на спортот на национално ниво во Република Македонија;
2. се грижи за спроведување на законите и другите прописи од областа на спортот на национално ниво во Република Македонија;
3. ја следи мрежата на здруженија и асоцијации од областа на спортот и системот на натпревари и предлага мерки за унапредување, развој и стручно усовршување;
4. ги следи специјалните спортски програми со талентираните ученици;
5. ги следи спортските сктивности на студентите и граѓаните;
6. учествува во подготовката на Програмата за развој на спортот во Република Македонија;
7. предлага и изготвува мерила и критериуми за стекнување на статусот, рангот, правата и обврските на врвните спортисти аматери;
8. предлага и изготвува стандарди за здравствена контрола на учесниците во спортско рекреативните активности;
9. предлага и изготвува мерила и критериуми за финансирање на дејноста, на спортот на децата, младината и спортско-рекреативна активност на граѓаните и врвниот спорт и го следи нивното спроведување;
10. ги планира програмите потребни за остварување на дејноста;
11. ја следи и поддржува издавачката дејност во областа на спортот;
12. изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали од областа на спортот; и
13. прибира извештаи.
(3) Одделение за Меѓународен спорт и меѓународна соработка,
1. следи, проучува и обработува прашања поврзани со меѓународната соработка во областа на спортот и предлага мерки за нивно унапредување и развој;
2. се грижи за спроведување на законите и другите прописи од областа на спортот на национално ниво во Република Македонија;
3. учествува во подготовката на Програмата за развој на спортот во Република Македонија;
4. предлага, планира и поттикнува меѓународна соработка во областа на спортот;
5. ги следи активностите на Советот на Европа во областа на развојот на спортот и презема мерки за спроведување на конвенции и други меѓународни документи од областа на спортот прифатени од Република Македонија;
6. ја следи реализацијата на меѓународните спортски приредби и манифестации кои се одржуаваа во семјата или на кои учествуваат преставници од земјата;
7. предлага и изготвува прогами за меѓународна соработка кои во областа на спортот и ја следи нивната реализација;
8. дава мислење по програми за меѓународна соработка кои ги изготвуваат и предлагаат други органи и установи;
9. ги следи активностите на спортските здруженија од областа на спортот на граѓаните на Република Македонија кои живејат и престојуваат во странство;
10. предлага и изготвува документи за билатерална и мултилатерална соработка во областа на спортот и ја следи нивната реализација;
11. изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали од областа на меѓународната соработка во спортот; и
12. прибира извештаи.
(4) Одделение за Инспекциски надзор во спортот, како организациона единица во состав на Сектор Спорт, во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:
1. врши инспекциски надзор врз работењето на спортски клубови во Република Македонија;
2. врши инспекциски надзор врз работењето на Национални спортски федерации и други спортски асоцијации во Република Македонија;
3. врши инспекциски надзор врз работењето на други субјекти кои вршат дејност спорт како и стручни спортски работници во Република Македонија;
4. ја следи состојбата во спортските клубови, Национални спортски федерации, други спортски асоцијации и други субјекти кои вршат дејност спорт;
5. врши надзор на исполнетоста на условите за вршење на дејност спорт;
6. изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали; и
7. прибира извештаи.
(5) Организацијата, начинот на работа како и формата и содржината на актите кои ги изготвува и носи Одделението за Инспекциски надзор во спортот, со посебен Правилник ги пропишува Директорот на Агенција за млади и спорт.
(6) Одделение за Регистрација на субјекти кои вршат дејност спорт, како организациона единица во состав на Сектор Спорт, во својот делокруг на работа ги опфаќа следниве активности и работи:
1. прибира барања за издавање на решенија за врешење на дејност;
2. во соработка со Одделението за Инспекциски надзор во спортот, ја испитува основаноста на одделно барање за издавање на решение за дејност спорт;
3. подготвува и предлага до Директорот на Агенција за млади и спорт, за издавање решенија за вршење на дејност спорт;
4. води Регистар на субјекти кои вршат дејност спорт во Република Македонија;
5. изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали; и
6. прибира извештаи.
(7) Организацијата, начинот на работа како и формата и содржината на актите кои ги изготвува и носи Одделението за Регистрација на субјекти кои вршат дејност спорт, со посебен Правилник ги пропишува Директорот на Агенција за млади и спорт.