Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Сектор за човечки ресурси и стручна поддршка на Директорот

вклучено . Објавено во За агенцијата

 

Раководител
м-р Снежана Соколова
телефон за контакт: 3119-628
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сектор за човечки ресурси и стручна поддршка на Директорот во својот делокруг на работата ги опфаќа следните активности и работи:

1. во соработка со ресорни органи подговува предлози за донесување на закони, нацрти и предлози на закони и други прописи и општи акти од неговиот делокруг и од областа на спортот и младите;
2. се грижи за спроведување на законите и другите прописи од областа на спортот и младите;
3. дава стручни мислење по однос на прашања регулирани со закони, по нацрти и предлози на закони и други прописи и општи акти што се однесуваат на дејноста на Агенција за млади и спорт;
4. ги подготвува договорите што предизвикуваат правни импликации за Агенција за млади и спорт и дава предлози и мислење по истите;
5. изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали од надлежност на Агенција за млади и спорт;
6. учествува во изготвувањето и предлагањето на планови и програми за остварување на функција на Агенција за млади и спорт и на дејностите;
7. подготвува програми, планови и стратегии за промоција и преставување на активностите и работата на Агенција за млади и спорт;
8. изготвува анализи, елаборати, осврти, информации, извештаии и други матерјали од надлежност на Агенција од областа на односите со јавноста и слободниот пристап до информации од јавен карактер и подготвува матерјали и документи за конференции за печат на Агенција за млади и спорт;
9. ја одржува со информации интернет страницата на Агенција за млади и спорт;
10. во соработка со ресорни органи подговува предлози за донесување на закони, нацрти и предлози на закони и други прописи и општи акти од неговиот делокруг;
11. се грижи за спроведување на законите и другите прописи од областа на односите со јавноста и слободниот пристап до информации од јавен карактер дава стручни мислење по однос на истите;
12. прибира барања за слободниот пристап до информации од јавен карактер и изготвува, води и ажурира листа на информации од јавен карактер во Агенција за млади и спорт;
13. ја информира јавноста за прописи кои се однесуваат на надлежноста на Агенција за млади и спорт, поврзани со регистарот на прописи објавени во службено гласило;

14. издава информативни билтени и други облици на информирање;

15. ги координира и спроведува активностите од областа на општи и технички работи и потреби за Агенција за млади и спорт.
16. ги координира и организира активностите кои претставуваат административно-стручна поддршка на функцијата на Директорот,
17. ја организира, координира и спроведува работата во врска со остварувањето на соработка со секторите во Агенцијата, како и со другите органите на државната управа, работните тела формирани од надлежните органи; единиците на локалната самоуправа, јавните установи и служби, јавните претпријатија и други организации и институции;
18. изработува записници, решенија, одлуки, препораки, заклучоци и други документи и организира изработка на анализи, програми и планови што се во надлежност на Директорот или произлегуваат како задача од одржаните состаноци и средби и е одговорен за нивно чување и ракување.
19. ги обединува и систематизира работните процедури, предметните планови и програми предложени од страна на одделенијата и секторите, како и плановите за материјално-техничко опремување на одделенијата и програмите за стручно усовршување на вработените во нив и, по нивното официјализирање од страна на Директорот на Агенцијата, одговорно е за нивно спроведување,
20. врши работи што се однесуваат на правни работи од областа на националните закони и други прописи; меѓународни прописи, договори и други меѓународни правни акти; изработка на нормативни акти; правни акти за стручно-административни, општи и управни работи,

21. предлага програма за стручно усовршување на вработените во секторот,
22. изработува нацрти и предлози на прописи, како и уредби, одлуки и решенија, информации кои Агенцијата ги предлага на Владата за нивно донесување и дава стручни мислења по законите и другите прописи и општи акти кога тоа од Агенцијата го бараат овластени структури од Владата и други органи на државната управа, како и други стручни служби на Агенцијата,
23. изработува акти од областа на работните односи и трудовото право,
24. ги организира застапувањата на Агенцијата пред надлежните судови и други органи (води и застапува во управни постапки и управни спорови и го застапува органот во постапките пред судовите во Република Македонија во соработка и координација со јавното правобранителство).
25. ги следи и евидентира сите закони и подзаконски прописи кои се излезени во службен весник и дава стручна помош во нивно користење;
26. ги организира активностите околу верификување на сите правни документи што се изработуваат и проследуваат на потпис до Директорот и гарантира за нивната правна издржаност,
27. врши документациона обработка на раздолжените акти: средување, архивирање, категоризација и одбирање и обработка и ништење на документи и акти на Агенцијата и се грижи за правилно чување на сите печати и штембили кои се користат во одделението.
28. врши контрола над архивското работење во Агенција за млади и спорт и води грижа за архивската граѓа на Агенција за млади и спорт;
29. укажува стручна помош во архивско и канцелариско работење во секторите и одделенијата во Агенцијата.
30. соработува со Државниот архив на Република Македонија; реализира сместување, чување, заштита и обезбедување на документарниот материјал и архивската граѓа како и попишување на материјалот кој треба да се ништи.
31. го следи, организира и координира спроведувањето на договорните обврски на агенциите и сервисите кон Агенцијата.
32. врши планирање, имплементирање, управување, администрација и одржување на системи и мрежи од доменот на информатиката за потребите на Агенцијата,
33. ја организира информатичката поддршка на Агенцијата и врши планирање, имплементирање, управување и администрација на мрежи и информатички системи за потребите на Агенцијата;
34. врши распределба, инсталирање и надоградба на информатичката опрема и се грижи за нејзино непречено работење;
35. врши инсталација, контрола и надоградба на заштитни системи;
36. го следи сообраќајот и искористеноста на информатичките системи;
37. креира, администрира и исклучува корисници на информатичките системи според однапред дефинирани критериуми;
38. врши имплементација на службена електронска пошта во Агенцијата и врши администрација на нејзините корисници;
39. врши одржување на информатичката опрема и информатичките системи во Агенцијата;
40. врши примопредавање на дефектните информатички средства во надлежниот сервисен центар;
41. води евиденција за информатичката опрема во сопственост на Агенцијата;
42. организира изработка на информатички проекти, дава стручни мислења,
43. врши планирање, имплементирање, управување, администрација и одржување на телекомуникациските системи на Агенцијата,
44. предлага работни процедури за одделението и по нивното официјализирање одговорно е за нивно спроведување,
45. соработува со операторите во фиксната и мобилната телефонија;
46. врши увид и изготвува извештаи за висината на месечните трошоци во телефонијата;
47. изготвува предметен план за работа на секторот, предлага финансиски план за работа на секторот и изготвува план за материјално-техничко опремување на секторот,
48. предлага програма за стручно усовршување на вработените во одделението,
49. пренесува писмени инструкции и информации од Директорот до секторите и одделенијата во врска со извршување на работите и задачите во Агенцијата се грижи за нивно навремено извршување,
50. подготвува и дистрибуира материјали за колегиумот и води записник,
51. ги организира поединечните состаноци со раководители на секторите, како и состаноците со надворешни лица и водењето записник доколку е тоа потребно,
52. води потсетник за посети, состаноци и средби на Директорот и заменик Директорот и го организира приемот на странки,
53. организира навременото потпишување на материјали и документи поврзани со законски и други рокови,
54. го организира водењето на евиденцијата на средствата за репрезентација,
55. го организира снабдувањето на Директорот и заменик директорт со технички и други средства,
56. ги организира работите околу превоз на Директорот како и други активности поврзани со навремено и ефикасно нивно работење,
57. ги координира, организира насочува, следи, евидентира и реализира сите активности што се однесуваат на претставувањето на Агенцијата, неговата функција и на превземените активности, во јавноста,
58. изготвува годишен, квартални и месечни планови за односи со јавноста, во кои се дефинираат целните групи, целта, поводот, содржината, начинот и динамиката на обраќање, начинот на евидентирање и документирање на обраќањето, како и следењето и документирањето на постигнатиот ефект кај целната група,
59. ги подготвува и организира прес-конференции и брифинзи, изготвува соопштенија и ги доставува до медиумите за објавување, подготвува и дистрибуира пропаганден материјал за потребите на Агенцијата, доставува покани за активности што ги организира Агенцијата, во негово име испраќа честитки во пригодни прилики, организира посети на Агенцијата од страна на заинтересирани групи и поединци.
60. го утврдува и организира протоколот за сите значајни настани што се случуват во Агенцијатат (посети, состаноци, прес-конференции, брифинзи).
61. врши прибирање, селекција, класификација и анализа на информации содржани во средствата за јавно информирање и Интернет што се однесуваат на Агенцијата и неговите активности,
62. соработува со медиумските куќи во земјата врз основа на разработена стратегија за соработка, како и соработува и координира активности со надворешни агенции за анализа на јавното мислење и однесување.
63. предлага, организира и реализира медиумска кампања за потребите на Агенцијата.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија